
Во музејот на Манчестер почнало да се случува нешто необично. Речиси 4000 години стара египетска статуа сама почнала да се врти во витрината каде се наоѓа, а кустосите и стручњаците воопшто не можат да разберат како се случува сето тоа.
“Забележав еден ден дека статуата е свртена. Ми беше чудно бидејќи статуата се чува во затворена витрина, а јас сум единствениот што има клуч. Ја вратив во првобитна положба но статуата и следниот ден беше поместена од местото и свртена. Поставивме камери да ја набљудуваат 24 часа и иако движењата не можат да се забележат со голо око убрзаната снимка јасно покажува како се одвива нејзината ротација“ – изјавува египтологот Кембал Прајс, кустос во музејот на Манчестер.