Северна Кореја ги заврши подготовките за лансирање на ракетите што се очекува да се случи во секој момент, а во исто време Јужна Кореја и САД се подготвуваат за контранапад во случај ако бидат нападнати.
И Јапонија соопшти денес дека е во состојба на готовност, откако ракетите тип “патриот“ се разместени на позиции околу главниот град Токио, а контра ракетите на островот Окинава. Од своја страна Северна Кореја се подготвува за ракетна проба и лансирање на повеќе ракети. Пјонгјанг во секој момент би можел да лансира ракети тип „scad“ „rodong“ со среден домет, како и оние кои неодамна се позиционирани на источниот брег.
Јужна Кореја и претходно предупредуваше дека Пјонгјанг е подготвен да лансира ракети без предупредување. Од воени извори се дознава дека тоа би можело да се случи на 15 април, на денот кога е роден Ким II Сунг, основач на севернокорејскиот комунистички режим кој почина во 1994 година.