Ова е одличен предлог за вкусна вечера. Со чаша бело вино и загарантирано имате вкусен оброк.
Состојки:
– 4 лажици маслиново масло
– 4 мали лукчиња
– 1 лажица лебни трошки
– гранче магдонос / ситно исецкан
– ½ лажица црн бибер
– 1 конзерва сардина / исцедени и исецкани/ незачинети
– ½ лажица црвен пипер
– 1 пакување шпагети/ макарони/ јуфки
Подготовка:
Ставете две лажици масло во тава за пржење, кога маслото ќе се загрее додадете ги лебните трошки. Пржете 2-3 минути се додека лебните трошки не поцрвенат. Додајте го ситнo исецканиот лук и продолжете да пржите уште 2 минути. Тргнете ја тавата од оган. Во меѓувреме сварете ги шпагетите.
Во тава за пржење додадете маслиново масло, кога ќе се загрее ставете ги сардините, зачинете со црвен пипер и гответе некаде околу 5 мин. Додате ги сварените шпагети и промешајте. Сипете во чинија.
Трошките од леб додате ги во тава за пржење, додајте го магданосот и пропржете. Земете од смесата и сипете врз чинијата.
Добар Апетит:)