P&G ги почитува вистинските вредности: “Мамо ти благодарам“ – една навистина благородна кампања!

popara30 октомври, 201322min00
10

Проктер и Гембл, глобалниот олимписки партнер ја започна кампањата “Мамо ти благодарам“ со лансирање на серија поучни филмови насловени како “Позадината на олимпијците“, заедно со Olay, Gillette и Pantene.

Кампањата “Мамо ти благодарам“ обележува 100 дена од почетокот на Зимските олимписки игри и има подршка од 15 и повеќе глобални P&G брендови, вклучувајќи ги Pampers, Head&Shoulders, COVERGIRL и др.

“P&G брендовите олимпиското спонзорство го гледаат од поинаков агол“ – изјавил Марк Причард, глобалниот бренд менаџер на компанијата.

“Нашите брендови не се присутни само на крајот од трката, тие го следат целиот животен пат на врвните спортисти до Олимписките игри, патувањето кое започнува уште во детството покрај нивните мајки. Токму затоа, кога P&G брендовите спонзорираат спортисти, истовремено ги слават и нивните мајки кои им помогнале да бидат она што се.“

Кампањата на P&G ќе оживее преку прочуените P&G брендови и нивните инспиративни кампањи како што се Head&Shoulders кампањата со рускиот олимпиец Евгениј Малкин.

 “Никогаш не би бил спортист каков што сум денес да не беше мојата мајка“ – изјавил олимпиецот Свен Крамер. “Се гордеам што сум Gillette спортист, не само поради фактот што брендот внесува највисоки стандарди во своите производи, туку и поради начинот по кој ја третираа мојата мајка“

Американската златна олимпијка Линдзи Вон го вели следново: “Возбудена сум што сум дел од програмата “Мамо ти благодарам“ и компанијата P&G во соработка со некои од најуспешните спортисти на светот спонзорирани од страна на P&G и нивните врвни брендови. Бидејќи јас скијам, мојата кожа трпи екстремни температури и услови, но тука е Olay кој најдобро се грижи за мојата кожа.“

Со оваа благородна кампања P&G одава почит на сите мајки на олимпијците ширум светот, прикажувајќи секојдневни лекции на кои мајките ги учат своите деца. Овие филмови особено ја нагласуваат безусловната љубов која мајката ја дава на своето дете без исклучок.

Од Pampers до Cresta Ariela , нашите брендови постојат за да им служат пред се на семејствата и мајките“, истакнува Причард.

“Значи кога се во прашање одлучноста, посветеноста и напорот кој спортистите ги донесоа до Олимписките игри, ние го гледаме влијанието на мајките кои им ги всадиле овие вредности. Затоа нашите брендови се посветени не само на нашите спортисти, а подеднакво и на нивните мајки.“

Sochi Igre

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag