Домашниот миленик на Делија Сантучо Хајнрих (58) од Аргентина, куче од расата пит бул неочекувано ја нападнало поради што полицијата морала да го застрела, а на несреќната жена и ја ампутирале раката.
Соседите кога слушнале вриштење веднаш повикале полиција. Биле шокирани кога виделе што се случува. Побеснетиот пит бул ја влечел и ја гризел својата сопственичка, а таа не можела да се ослободи од неговата вилица.
Полицијата најпрво се обидела со гумени штангли да му ја отворат вилицата и да ја извадат раката на жената но не успеале.
На крај морале да го застрелаат. На жената подоцна раката и била ампутирана.
httpv://www.youtube.com/watch?v=884ojJnSHwA