Потребни состојки:
- 1кг модар патлиџан
- 1 страк праз
- Главица кромид
- 500гр кори за пита
- Чаша варен ориз
- 250мл газирана минерална вода
- Китка магдонос
- Бибер
- Зачини
- Сол
- Оригано
- Масло
Начин на подготовка:
Патлиџанот излупете го, изрендајте и варете десет минути во посолена зовриена вода. Потоа исцедете и динстајте 15 минути со пропржен сецкан праз и кромид. На крајот додадете сварен ориз и зачини, а потоа редете ја питата прскајќи ја секоја кора со малку масло и кисела вода. Пред печење исечете ја питата на парчиња и попраскајте со кисела вода. Оставете да отстои околу еден час, а потоа печете во добро загреана рерна.