Лаурен Марби има 16 години, има руса коса и сака да се дотерува, но паралелно со тоа е и надпросечно интелигентна со IQ 161.
Лаурен (16) Менсин тестот го направила од забава и добиените резултати ја прават попаментна од Алберт Ајнштајн и Стивен Хокинг.
Повеќето веднаш прокоментирале дека воопшто не изгледа како гениј имено поради нејзината плава коса и физичкиот изглед, што како што гледаме нема врска со степенот на нејзината интелигенција.
Надарената девојка сонува да биде архитект, да се занимава со глума и да се запише на Кембриџ.
„Плавуша сум, се шминкам и сакам забава. Сакам пудра и лажни нокти и обожувам да гледам серии. Драго ми е што ќе им покажам на сите дека плавите и средени девојки не се глупави!“
IQ на познатите:
Чарлс Дикенс – 180
Чарлс Дарвин – 165
Стивен Хокинг – 160
Алберт Ајнштајн – 160
Квентин Тарантини – 160
Бил Гејтс – 160
Шерон Стоун – 154
Бил Клинтон – 145
Шакира – 140
