
Еден Германец побегнал од болницата во Минхен за да оди во една од најпознатите градски пивници и да го прослави својот 94-т роденден со кригла пиво, соопшти германската полиција.
Старецот, кој имал интравенозна игла во левата рака, го забележал минувач вчера во подземната железница.
Тој го одвел по малку зашеметениот старец до управата на метрото која повикала полиција.
„После неколку јавувања, произлезе дека старецот побегнал од една од минхенските клиники“, навела полицијата, додавајќи дека побегнатиот пациент изјавил дека тргнал во пивница да го прослави роденденот.
Полицијата соопштила дека старецот е вратен во болницата, каде што лекарите му дозволиле да нарача пиво по свој избор.