Двајцата норвежани Бард и Вегард Илвисакер направија вистински хит со песната “Го сакам или го мразам“.
Спотот е поставен само пред месец дена на Јутјуб каде за толку кратко време има над 85 милиони прегледи.
Како што им тргнало на младите норвежани, можеби и ќе го надминат планетарниот хит “Гангнам стајл“ на јужнокорејската ѕвезда Сај, кој имаше милиарда прегледи на Јутјуб, што претставува апсолутен хит од создавањето на сајтот.