Поховано сирење со кора од сусам

popara10 декември, 201317min00
10

Состојки:

400 гр сирење

2 јајца

4 супени лажици пченкарно брашно

4 супени лажици сусам

Прашок за пециво

Масло за пржење

Сирењето се сече на тријаголници, парчиња со дебелина околу 1 сантиметар. Јајцата се матат во вилушка и се мешаат со пченкарното брашно и малку прашок за пециво, плус половина од сусамот. Парчињата сирење се потопуваат во смесата, после што се валкаат само во сусам. Сирењето се остава да отстои десетина минути во фрижидер. После тоа се пржат во поголема количина масло, барем 4 сантиметри, секако загреано претходно. Готовите парчиња се поставуваат врз хартија за да го упие маслото. Се сервира со свежа салата.