
Украинскиот министер за внатрешни работи го отпуштил шефот на полицијата од областа Николаев и началникот на локалната полиција во Врадијев после масовните нереди во оваа општина. Повеќе од илјада особи ја нападнале полициската станица откако тројца полицајци силовале млада жена.
Уапсените полицајци со помош на таксист ја силовале 29 годишната Ирина Крашкова во шума. Крашкова, мајка на 9 годишно дете е хоспитализирана со фрактура на черепот и веќе имала две операции.