Потребни состојки:
Свински врат – 2 кг
Сол
Црн бибер
Вино 1-2 супени лажици
Лук 4-5 чешниња
Кромид – 1 мала глава
Печурки 300 гр
Сланина 150 гр
Магдонос, неколку гранчиња
Масло за јадење – 60 мл
Свинскиот врат се сече на листови за да може од нив да се направи ролат. Парчето свински врат зачинете го од сите страни со сол и црн бибер, сецкан лук и полејте го со вино.
Додека месото отстои, запржете ги ситно исецканите сланина, кромид и печурки. Штом се запржат зачинете ги и нив.
Распоредете го по должината на парчето месо полнежот и завиткајте го во ролат кој треба да го врзете на крај со конец за печење.
Загрејте го маслото и запржете го месото од сите страни, колку да се запечати, за да остане сочно и после печењето.
Печете го полнетиот свински врат во подмачкана тава додека добро не се испече.