Потребни состојки:
- 20 суви сливи
- 150гр кашкавал
- 150гр сланина сечена на тенки парчиња
Начин на подготовка:
Сливите без семки наполнете ги со кашкавал сечен на коцки и секоја замотајте ја во сланина. Прицврстете со чепкалка за заби. Вака полнетите сливи можете и да ги запечете, а подеднакво се убави и ако се јадат сурови.