“Болен е од гнев и љубомора бидејќи Мила Кунис во последно време интензивно се дружи со колегата Чанинг Татум“, открива извор близок на парот, и тврди дека актерката се заканила дека ќе го остави ако продолжи да и прави сцени поради пријателите.
Ештон и Мила се во врска повеќе од година дена. Ештон пред својата преслатка колешка беше 6 години во брак со Деми Мур. Холивудските медиуми велат дека Ештон ќе и исплати на 50 годишната бивша сопруга 20 милиони евра во бракоразводната парница, само што побрзо да се венча со Мила.
Можеби славниот пар кои ги гледавме во „Лудите седумдесети“ ќе застанат на лудиот камен, или пак на Мила ќе и дојде премногу неговата љубомора.