
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 2 главици карфиол
* 500мл кисела павлака
* 2 јајца
* сол
* бибер
* 1 лажица магдонос
ПОДГОТОВКА:
- Ставете го карфиолот во солена вода да се вари 10-15 минути, додека да омекне.
- Загреете ја рерната на 180 степени.
- Тавата за печење подмачкајте ја со масло и распоредете го карфиолот рамномерно во неа.
- Изматете ги јајцата и кислелата павлака, ставете сол и бибер по желба.
- Полиете го карфиолот со смесата, додадете го магдоносот и печете околу 20 минути.