Потресна исповед: Побрзо би се убила отколку да се омажам на 11 години!

popara22 јули, 20131min00
15

Младата јеменка Нада ел Ахдал (11) која родителите принудно сакаат да ја омажат, побегнала од дома за да се спаси од несаканиот брак. Таа се заканила дека ќе се убие доколку повторно ја присилуваат да стапи во брак со човек кој може да и биде татко.

Девојчето објавило видео кое го посветила на новинарите со надеж дека нејзината приказна ќе се раскаже ширум светот и така ќе допринесе да се спасат многу девојчиња со слична судбина. Вели дека побегнала од дома кај својот вујко бидејќи неможела да го поднесе притисокот од своето семејство.

“Што е со безгрижното детство и што ви се децата криви? Зошто морате со сила да ги мажите, за да се ослободите од нив?“, вели малата Нада.

Пополнив пријава во полиција против мојата мајка која се обиде со сила да ме врати дома. Реков дека имам само 11 години и дека таа сака да ме омажи. Тоа значи дека не би имала живот ни шанса да се образувам. Зарем моите родители немаат ни малку чувство?! Побрзо би умрела отколку да го прифатам тоа…очајно раскажува малата јеменка.

Девојчето ја наведува како пример нејзината тетка која ја омажиле на 14 години и која после година дена се самозапалила со бензин.

Nada el Ahdal,

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma