Крис Браун повторно стара песна! Во неделата во Вашингтон претепал непознат маж, после што бил уапсен. Бидејќи Браун сеуште е на условна казна, после претепувањето на Ријана во 2009 година, му се заканува затворска казна од 4 години.
Инцидентот се случил во 4:30 во неделата наутро, кога Браун побеснал кога непознат човек му пристапил со молба да се фотографира со него, после што физички го нападнал. Наводно раперот пред да го нападне човекот чиј идентитет сеуште е непознат изјавил: “Не ме интересираат вакви геј глупости, јас сум за бокс!“.
Освен Браун уапсен е и неговиот телохранител, и двајцата сигурно ќе останат во притвор се до денес, кога ќе можат да побараат да им биде одобрена кауција.