
Дали вашата коса изгледа сува и безживотна? Сакате да ја направите блескава, да не паѓа и без првут? Нема ништо полесно од тоа – направете си маска од квасеч.
Квасецот содржи висококвалитетни протеини и многу други хранливи состојки, чиј што недостаток води до опаѓање и кинење на косата. Маската од квасец го храни коренот на влакното и ја прави косата поздрава и со волумен.
За приготвување на маската ви е потребна една коцка квасец, на тоа се додава една лажица мед. Се остава да отстои на топло место еден час за да започнат процесите на ферментација. Нанесете ја маската најпрво на скалпот а после и по должината на косата. Ставете шапка за капење и останете со маската 1 час. Само после неколку процедури ќе се радувате на поубава и блескава коса.