Островот Маурициус е сместен во Индискиот океан на околу 2000 км од брегот на Африка. Островот изобилува со многу природни убавини, но она што го издвојува е единствената оптичка илузија – подводен водопад.
Всушност струите се главниот виновник за создавањето на водопадот, бидејќи тие со тек на време наталожиле песок создавајќи каскади односно лежишта кои создаваат впечаток на истекување на водата среде океанот.
Овој фантастичен феномен најдобро е да се набљудува од птичја перспектива.
Фактот дека ова не е вистински водопад не ја намалува неговата убавина, бидејќи покажува како природата чудно си поигрува со интригантните и недоволно проучени ширини на океанот.