
Ова е една топла приказна во која едно куче се обидува да се спријатели и да си игра со детенце болно од Даунов синдром…
Херман кој сега има 5 години, од Буенос Аирес, снимен е додека му приоѓа лабрадорот Хималаја. Ана, која видеото го објавила на Јутјуб, вели дека нејзиниот син најчесто одбива да игра и комуницира.
Херман кој има две постари сестри, имал 3 години кога е снимено ова видео.
Тој седи на тераса пред кучето, и полека му се приближува, но штом кучето ќе го допре, тој се повлекува.
Хималаја, чувствувајќи ја неговата неодлучност, се обидува нежно да го допре момчето и ја става својата шепа врз ногата на детето, пред да ја стави главата во неговиот скут.
Мајката на Херман напишала на Јутјуб: Херман е повлечен и бега од физички контакти. Не сака никој да го допре, но Хималаја беше упорен и така стрплив, па затоа и моментот е толку прекрасен и трогателен…
httpv://www.youtube.com/watch?v=7O8lbQGq7W4