Добродојдовте во турскиот Сен Тропе! Денес ќе имате прилака да разгледате еден уникатен комплекс кој по ништо не се разликува од врвните топ дестинации, од оние на Карибите, Сејшелите или Хаваи. Еден ултра модерен стил на архитектура и интериор, го прават ова место едно од најдобрите во Турција, но исто така и дел од групата луксузни дестинации во овој дел од светот.
Името на ресортот е Kempinski Barbaros Bay и се наоѓа во близина на Бодрум. Цените се доста повисоки за разлика од останатите резорти во Туција, но квалитетот секогаш го плаќаме повеќе, нели?