Прочитајте, што означуваат бакнежите по различни делови на телото

popara21 август, 20131min00
3

Бакнеж на вратот

Тоа е јасно, значи: “Те посакувам”! Имајте на ум дека не е задолжително еден маж да има силни чувства кон вас, за да сака да имате секс. Затоа значењето на овој бакнеж се исцрпува само од неговите интимни желби.

“Невин или пријателски бакнеж по вратот не постои”!

Бакнеж на очите

Бакнежот на очите е многу интимен момент на нежност и грижа. Но тоа воопшто не значи дека овој маж има поромантични намери со вас!

Сепак, бидете љубезни и добри со таквите луѓе, бидејќи тие навистина ви мислат најдобро. Дури и да не одговараат на вашите чувства така, како што вие сакате!

Бакнеж на увото

Овој бакнеж, како и бакнежот на вратот, е израз на страст. Ако еден маж ве бакнува така, значи сака да имате секс. Тука, сега и веднаш!

Бакнеж со отворени очи

Тука треба да се направи една многу важна разлика. Ако ве бакнува по раката, по стомакот или по други “местенца” и ве гледа во очи, значи само сака да го засили моментот.

Но ако се бакнувате страсно и тој е со отворени очи, значи повеќе е гледач, а не учесник! Имајте едно на ум со такви мажи! Тие не секогаш ќе ви го дадат она што го очекувате од нив.

Бакнеж на раката

На прво место овој бакнеж е израз на почит! Ако сте во романтична врска со маж и тој ве бакне на раката, треба да знаете дека тој навистина доживува силни чувства кон вас и ви се восхитува.

бакнеж на усните

Освен во случаите кога бакнежот се состои во сосема мал и брз допир на усните, тоа е знак за силни чувства, дури и љубов! Постојат мажи кои дури и за време на секс не ја бакнуваат така партнерката, ако не доживуваат нешто кон неа!

Па ако бакнежот е длабок, долг и со учество на јазикот, бидете сигурна дека за него навистина нешто значите. И не само тоа! Често мажот така ја изразува својата припадност. Односно тој вели: “Еве, јас сум само твој”!.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma