Професионални совети: Шминка во стилот на Бијонсе

popara5 август, 20131min00
13

Факт е дека преубавата Бијонсе не се шминка сама, туку тоа го прават врвни стилисти, но ние можеме да ви ја откриеме тајната за нејзините совршено нашминкани очи.

Поготовка на лицето – најпрво мора добро да ја исчистите шминката од преткодно и да нанесете хидратантен крем.

Нанесете пудра на очните капаци – тајната на шминката што долго трае и не се размачкува е добрата подлога. Доколку нанесете малку пудра и на очните капаци шмиката ќе трае многу подолго.

Бои кои се прелеваат – наместо да користите контрастни бои како што е црно-белата комбинација на пример, подобро е да купите сенки кои се прелеваат од потемна кон посветла нијанса. Така ќе ги имате сите потребни нијанси од една иста боја што дава многу подобар и професионален изглед.

Навлажнете ја четката за сенка – доколку сакате да добиете професионален задимен поглед. Најпрво со влажна четка земете од најтемната сенка и исцртајте очна линија на горниот и долниот капак без да почнувате од внатрешниот агол на окото. Потоа со темно кафеав ајланер исцртајте очна линија врз горниот капак и извлечете ја кон надвор.

Од најтемно до најсветло – најтемните нијанси се нанесуваат на самиот почеток на очните капаци, над трепките, а што се оди нагоре, кон веѓите, следуваат посветлите нијанси.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma