Тим израелски археолози веруваат дека ги откриле остатоците од палатата која припаѓала на библискиот израелски цар Давид, додека истовремено други експерти ја оспоруваат веродостојноста на откритието.
Гарфинкел изјавил дека со неговиот тим нашле култни предмети кои биле користени од јудејците – поданици на царот Давид. Овие артефакти според нив претставуваат недвосмислен доказ дека Давид и неговите потомци владееле на оваа локација.
Израелскиот археолог Финкелстај од универзитетот во Тел Авив се согласува дека Хирбет Кајефа е добро утврден локалитет од 10 век пне, но вели дека можеби е изграден од филистејците, жители на Ханана или други народи кои живееле на тоа подрачје.