
Пекинг – Кинеските научници откриле древни фосили од птици стари помеѓу 100 и 150 милиони години кои имаат два пара крилја. Според изјавата на експертите сите четири екстремитети кај овие древни птици биле солидно покриени со пердуви што им овозможувало да летаат.
Интересно е дека и денес постојат птици чии екстремитети се покриени со пердуви, а тоа се свилените кокошки кои потекнуваат од југоисточна Азија. Научниците не можат да дадат објаснување зошто на птиците им е потребен уште еден пар крила. Едни тврдат дека служеле за летање, други тврдат дека со пердувите на нозете птиците го привлекувале спротивниот пол во сезоната за парење.
