
Бали, еден од најубавите острови во светот е дел од индонезискиот архипелаг, се наоѓа во близина на екваторот на преминот од Индискиот во Тихиот океан и со право го заслужува името што го носи „Островот на боговите“. Островот е благословен со преубави плажи, заобиколен со кристални тиркизни води, бујна вегетација, тропски џунгли, а високите вулкани се протегаат се до облаците. Јужните плажи се покриени со златни песоци и азурно море, додека северниот брег е покриен со црн вулкански песок и е идеална локација за гњурење.
















