
Бездомник е обвинет за убиство откако запалил човек во неговото теренско возило во Лонг Бич, Калифорнија. Полицијата изјавила дека жртвата е 63 годишниот Џери Арнолд Пејн.
Тој седел во автомобилот паркиран пред продавница кога 38 годишниот Рејмонд Кларк фрлил запалива течност во внатрешноста на автомобилот после што избил силен пожар.
Минувачите се обиделе да му помогнат на човекот кој горел во возилото, но за жал набрзо им подлегнал на повредите.
Кларк е уапсен во близина на местото на злосторството. Полицијата не можела да потврди зошто го запалил човекот, но сведоците тврдат дека просјакот бил бесен бидејќи жртвата не сакала да му даде пари.
Погледнете го видеото:
http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=b0AGwIIezO4