Студентите на еден универзитет во Унгарија се појавиле на предавање по долна облека во знак на протест против воведувањето на нов правилник за облекување.
Ректорот на универзитетот се обратил вчера пред студентите со писмо со кое ги известува за новите правила на облекување – темно одело и чевли за мажите, сако, панталони или долго здолниште за жените.
“Од 1ви октомври на универзитетот нема повеќе да се толелираат мини сукњи, апостолки, јака шминка, нападни модни детаљи како и неуредни нокти и коса“, се вели во писмото.
Искористувајќи ја напомената дека ќе им биде дозволено да носат “нешто полежерна облека“, само во текот на топлите денови, поединци на предавање дошле во долна облека.
“Бевме адекватно облечени, но во училницата беше толку топло па ја соблековме облеката, во склад со правилникот“, изјавува еден од студентите.
Студентите планираат да дојдат по апостолки и пешкир за плажа на наредниот протест закажан за 7ми октомври.