
Шесточлената порота во Санфорд, Флорида го ослободи Цимерман од обвинението после дводневна расправа, што предизвика шок кај афроамериканците во САД.
Трејвон Мартин е убиен 26 фебруари 2012 година во Орландо, кога после кратка расправија Цимерман пукал во 16 годишното момче, а самиот бил припадник на таканаречената граѓанска стража, која е сочинета од локални жители ангажирани да патролираат по улиците поради спречување кражби.
“Црниот“ тинејџер мирно шетал по улицата кога Цимерман му се приближил и го прашал што бара тука. Тогаш се стигнало до расправија и Цимерман во еден момент го извадил пиштолот и го застрелал на лице место, иако полицијата го предупредила да не превзема ништо и да ја почека полициската патрола.
Тој покасно изјавил пред полицијата дека бил принуден да пука бидејќи момчето физички го нападнало.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=fl8OzZDxS8c