Проверете ја Вашата емоционална интелигенција

popara29 март, 20131min00
6

Уште многу одамна, циниците говореле дека висината на коефициентот на интелигенција ( IQ), кажува само за коефициентот на интелигенција кој ќе го постигнете на IQ тестовите. И, што е најважно дека, резултатот од тестот, не е поврзан со успехот и задоволството кое ќе ги постигнете…

Поради тоа, се појави нова мера, емоционална интелигенција ( EQ ).

Едноставно кажано, емоционалната интелигенција е способност за препознавање чувства, нивно јасно идентификување, разбирање, способност за контролирање и користење на истите за истражување на мислења. Само по себе, разбирливо е каква улога имаат чувствата во носењето со секојдневните ситуации, комуникациите со другите луѓе и што е најважно, донесувањето одлуки.  Емоционално интелигентна личност нема лесно да се збуни, ретко се жали за своите постапки и одлуки и доста добро се  носи со стрес. Емоционално интелигентната личност прифаќа предизвици, не потпаѓа под притисок, добро се контролира има голема самодоверба и знае да ги препознае своите вредности… Поздрава и позадоволна е од животот. За разлика од IQ,кој е дефиниран од раѓање, EQ може да се развива и да се работи на нејзино подобрување, без оглед на годините…

Ви претставуваме брз тест за да ја проверите Вашата емоционална интелигенција…

Сé што треба е да одговорите на следниве прашања со да или не :

1.Дали можете јасно да ги искажете Вашите чувства во наједноставна реченица – „ Чувствувам… “ ?

2.Дали можете да препознаете различни чувства ?

3.Дали сте емотивно независни од другите?

4.Дали можете да препознаете поради што се чувствувате онака како што се чувствувате?

5.Дали можете секогаш да го контролирате Вашето однесување ?

6.Дали сте способни да ги заборавите грешките и да го оставите зад себе она по кое жалите?

7.Дали сте задоволни од Вашите достигнувања?

8. Ги искористувате ли Вашите потенцијали?

9.Дали мислат другите дека имате високо мислење за себе ?

10.Се прифаќате ли такви какви што сте ?

Емоционално интелигентните личности ќе одговорат со „ ДА “ на 8 до 10 прашања…

Вие???

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *