Првиот брод кој се движи со помош на соларна енергија го заврши патот околу светот пловејќи низ 28 држави, 11 мориња и 3 океани…
Ова неверојатно патување трело 585 дена. Бродот е наречен MS Turanor Planetsolar , а патот околу светот почнал на 27 септември 2010 година во 14 часот. Нешто помалку од година и пол покасно Планетсолар пристигнал во Монако и со тоа успешно го заокружил патувањето околу светот. Екипата од ова масовно чудовиште на современата технологија вели дека Планетсолар е многу повеќе од брод, нарекувајќи го џиновска мобилна батерија. Количината на енергија што ја акумулира преку огромните соларни панели на неговата површина е доволна за организирање гигантски концерт со врвно озвучување и неверојатен lightshow перформанс.