
Џеј Зи и Бијонсе се највлијателниот пар на музичката сцена па затоа и веста за неговото неверство се прошири низ медиумите со брзината на светлината.
Другата жена е раперка и модел Лив, која одлучила да раскаже што точно се случило. Таа и Џеј Зи се запознале во 2008 за време на снимање, набрзо откако тој се оженил со Бијонсе. После тоа тој испратил човек од обезбедувањето да побара нејзин број со порака дека ќе ја побара кога ќе дојде повторно. “Тоа беше така ниско. Како прво, колку е незрело да праќаш телохранител да бара број, а како второ, јас не сум особа која ќе чека повик кога тој повторно ќе дојде. А и не ми падна на памет такво нешто од почит кон Б“.
“После неколку месеци повторно го сретнав во Мајами. Ми рече дека овој пат мораме да си ги размениме телефонските броеви. Тој тврдеше дека ќе останеме во контакт, а јас мислев дека овој пат ќе ме свати озбилно“, вели Лив.