Летото е идеално време за шарени детаљи, а секоја девојка за која е важен изборот на модни акценти во својата колекција мора да има нешто во неон боја.
Овој тренд ги покори сите тренд сетерки и модно освестените девојки уште минатото лето кога доминираа веселите неон бои, а оваа година желбата за шарени детаљи го доби своето продолжение.
Нашата препорака за неон акцентите е: Накитот во неон бои да го комбинираш со бела летна гардероба или на својата веќе добитна комбинација да додадеш ефектни неон жолти чевли.
Чантите и комплетниот неон стајлинг ќе им го препуштиме на оние најхрабрите, а за помалку храбрите препорачуваме неон лакови за нокти. Поиграјте со овој интересен тренд и уживајте во летното кулирање.