Лешник карамел

popara8 јануари, 20131min00
torta so karamel

Потребни состојки:

За кора:

  • 7 белки
  • 120гр шеќер
  • 170гр печени мелени лешници
  • 2 лажици брашно
  • 2 лажици какао
  • 1 лажица прашок за пециво

За фил:

  • 900мл полномасно млеко
  • 7 жолчки
  • 200гр карамел лешник бомбони
  • 150гр густин
  • 130гр шеќер
  • 200гр маргарин
  • 200мл слатка павлака

За попрскување:

  • 100мл млеко
  • лажица рум

Начин на подготовка:

Цврсто изматете ги белките со шеќерот и со нежно мешање додадете брашно, какао и прашок за пециво. На крајот додадете и мелени лешници. Од смесата испечете две кори, секоја по 20 минути на 160 степени. Оладените кори пресечете ги така што ќе добиете четири. Карамал бомбоните ставете ги во 150 мл топло млеко и на тивок оган загрејте ги да се стопат. Од преостанатото млеко одвојте 100 мл, а останатото додадете го на растопените карамели  и загрејте до вриење. Во посебен сад соединете ги жолчките, густинот, шеќерот и ладното млеко и смесата додадете ја во карамел млекото. Сварете густ крем, енергично мешајте и тргнете од оган. Покријте ја површината на кремот со проѕирна фолија и оставете да се олади. Од филот одвојте неколку лажички за декорирање на тортата, а во преостанатиот фил додадете изматен маргарин и павлака. Секоја кора попрскајте ја со млеко и рум, филувајте ја тортата и украсете ја со крамал крем.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag