Прочистете го организмот по празниците

8 јануари, 20130
procistuvanje na organizmot

Претеравте со божиќната храна, но и со алкохолот?! Вистинско време е да го прочистите организмот и да се подготвите за поздрав почеток на годината!

Детоксификација на телото обезбедува бројни предности. Таа го зголемува нивото на енергија, придонесува за губење на килограмите, ја чисти кожата и го подобрува варењето. Ви претставуваме 7 едноставни идеи кои ќе ви помогнат да останете здрави и витки.

1. Избегнувајте црн чај, кафе и алкохол

Наместо споменатите пијалоци консумирајте билен чај, на пр. копривата е одлична за здрави бубрези.

2. Пијте најмалку еден литар вода на ден

Шишето или чашата со скапоцената течност, секогаш нека ви се наоѓа при рака за да можете редовно да ја консумирате.

3. Обидете се со свежи сокови

На располагање ви се морков, цвекло, јаболка, краставици…

Споменатите намирници му ги обезбедуваат на организмот потребните витамини и минерали и го прочистуваат од отрови.

4. Избегнувајте ја преработената храна

Консумирајте намирници кои не се претходно обработени, односно оние кои можете да ги купите во нивната оригинална форма. Варете ги на пареа, бидејќи на тој начин во нив ќе ги задржите повеќето хранливи материи, како и вистинскиот вкус.

5. Консумирајте барем пет порции овошје и зеленчук дневно

За време на ручек или вечера на вашата чинија нека се најдат најмалку 60% зеленчук. Јадете различни плодови, за вашиот организам да добие повеќе витамини и минерали.

6. Намалете го внесувањето на храна од животинско потекло

Избегнувајте млечни производи, а кравјо или козјо млеко заменете го со млеко од соја или бадем. Јадете леќа, грав, семки ореви, лешници, бидејќи се добар извор на протеини.

7. Поттикнување на отстранување на штетните супстанции

Процесот на детоксикација дополнително поттикнете со квалитетно спиење, вежбање јога или пилатес.

Почестете се со масажа или сауна за преку потење да се ослободите од штетните токсини од организмот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *