
Роби Вилијамс (39) е загрижен дека неговата ќерка Теди еден ден ќе почне да оди по неговите стапки односно да козумира наркотици, а ако тоа се случи тој е уверен дека ќе се дрогира заедно со неа.
Роби Вилијамс призна дека во минатото користел хероин но дека тие денови веќе се во минатото и дека ќе се труди да остане чист поради својата 9 месечна ќерка Теодора.
“Можеби и таа ќе тргне по тој пат. Но со многу љубов и малку среќа никогаш нема да тргне по тој пат. Но во случај и да го направи тоа ќе се обидам да добива најквалитетна дрога и ќе земам заедно со неа“, изјавил Роби Вилијамс.