
Фустанот во кој идната мајка прошета по црвениот тепих на гала вечерта во Метрополитен не помина незабележано.
Тесен, со длабок шлиц и цветен принт кој потсетува на кич тапета е стајлингот на Ким Кардашијан кој предизвика повеќе шеги и критики на нејзина адреса, отколку пофалби.
Во немилосрдните критики се приклучил и Робин Вилијамс кој покрај фотографијата каде е преправен како госпоѓа Даутфајер, лик кој го тумачеше во истоимениот филм од 1993 напишал: „Мислам дека фустанот што го носеше Ким, мене подобро би ми стоел!“
