Британецот Ендру Вордел (39) иако е роден без пенис поради некој дефект, спиел со повеќе од 100 жени.
Ендру Вордл од Манчестер бил роден со ектопија на мочниот меур, што значи дека истиот се наоѓал надвор од неговото тело. Тој имал тестиси, но не и пенис. Зад себе веќе има успешна операција на бешиката, но вродениот деформитет му останал.
–На 17 години имав девојка и кога нашата врска стана сериозна и кажав за мојот недостаток. Иако немавме „нормални“ сексуални односи, останавме заедно 4 години. По раскинувањето почнав да патувам низ Европа и да се дрогирам. Редовно по клубовите успевав да најдам некоја девојка и се неа да поминам барем една вечер. На некои им реков дека немам пенис, на други не. Сум спиел со над 100 жени и сите биле задоволни – рекол Вордел.
Енди не крие дека се обидел да се самоубие поради овие проблеми.
-Откако се обидов да се убијам, сестра ми ме однесе кај пластичен хирург кој ми рече дека може да ми направи вистински пенис. Од раката ќе ми земе кожа и дел од мускулот – рекол Вордел.
Тој се уште е во преговори со пластичните хирурзи, но вели дека е подготвен на се, само да има нормален живот.