Русија нема да го испорача Сноуден! Нема легална основа за тоа!

popara1 август, 20131min00
Edward Snowden Speaks To The Guardian

Адвокатот на Едвард Сноуден, Анатолиј Кучерена изјавил дека Русија не може да го испорача шпионот бидејќи не постои легална основа за тоа.

“Не можеме да го испорачаме бидејќи немаме закон што го овозможува тоа“, вели адвокатот Кучерена и бара од САД да испратат барање каде специфично ќе биде наведено за што точно се терети Сноуден за да може да се брани.“

“Се што слушаме од САД се политички обвиненија. Зошто не отпочнат легална процедура?“, се прашува Кучерена кој верува дека САД единствено што сака е да му ја затвори устата на Сноуден и го терети бидејќи ја објавил вистината на светот.