
Рускиот брод “Пријазовје“ ја напуштил базата на руската морнарица на Црното море и се упатил во мисија за собирање информации на подрачјето каде конфликтот ескалира, изјавил анонимен извор од руската војска, пренесува Ројтерс.
Руското Министерство за одбрана одбило да ја коментира информацијата.
Американскиот претседател Барак Обама вчера изјави дека ќе бара мислење од Конгресот во врска со воениот удар врз сирискиот режим обвинет од Западот и опозицијата поради извршен напад со хемиско оружје.
Официјална Москва, еден од најголемите снабдувачи на Сирија со оружје, изјавила денес дека САД не го докажале своето тврдење дека е употребено хемиско оружје во Сирија од страна на Асадовиот режим. Кремаљ верува дека зад нападот стојат бунтовниците, кои сакаат да предизвикаат интервенција на Западните сили во Сирија.
