Руски милиардер купил дијамантска муштикла за девојката

popara24 октомври, 201318min00
8

Руски тајкун платил повеќе од 500 000 фунти за електронска цигара, со цел да ја убеди својата девојка да престане да пуши.

Електричната цигара е покриена со дијаманти и сваровски кристали, а изработена од чисто 24 каратно злато.

Дечкото се надева дека неговата сакана нема да ја помеша муштиклата со обичните цигари и дека нема да ја фрли после употреба.

“Ни рекоа дека парите не се проблем“, вели Ентони Миксајдес, од компанијата што ја дизајнирала електричната цигара.

Миксајдес изјавува дека откако бил одобрен проектот, барале најквалитетни дијаманти, жолти кристали и злато.

“Беше потребно повеќе од 4 месеци да се дизајнира, но ова без сомнеж е најдобрата цигара што некогаш сме ја направиле“, ја завршува приказната Миксајдес.

Foto: ShishaSticks.co.uk

Foto-ilustracija: Foter/Özgün ERDEM

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag