Феникс – Трите малолетни деца на возраст 9, 13 и 15 години ја тужат телевизиската куќа Фокс тврдејќи дека преживеале емоционална траума гледајќи го самоубиството на нивниот татко кое Фокс го емитувале во живо.
Децата во тужбата додаваат дека се мошне вознимерини после гледањето на видео клипот од трагичниот настан поставен и на интернет.
Децата изјавиле дека од тогаш имаат проблеми со сонот и страшни мисли.
Новинарите од Фокс со хелихоптер дирекно известувале за полициската потера за автомобилот украден од страна на Џо Ромеро.
После неколку милји возачот на украдениот автомобил го напуштил возилото, го извадил пиштолот и си пукал во глава. Видеото набрзо било поставено и на Јутјуб.