Се продава морска дупка на Бахамите

popara18 јануари, 20131min00
Blue-Hole-Bay

Една од најдлабоките сини дупки на Бахамите, која е длабока 202 метри и привлекува голем број нуркачи е на продажба.

Овој природен феномен на островот Лонг Ајленд, на Бахамите се продава заедно со околното земјиште со површина од 73 хектари по цена од 24 милиони долари.

Сините дупки се вертикално потопени пештери кои можат да се најдат во морето или на копно, а изминатите неколку години станаа туристички и истражувачки дестинации. Ги има многу ширум светот, а најчесто се во ниски крајбрежни делови. Најпознатите можат да се најдат во Мексико, Белизе, на Бахамите во Гуам, Австралија и Египет.

Темносината боја во нив создава високо ниво на проѕирност и бел карбонски песок на дното. Поточно, сината боја е најиздржлив дел на спектарот, додека другите – црвената, жолтата и зелената, се една по друго според „пропатување“ низ водената апсорбција.  Сината тешко успева да стигне до белото дно и се рефлектира назад.

Во декември 2010 година, Новозеланѓанинот, Вилијам Трубриџ успеа да се нурне во Диновата сина дупка и до длабочина од 101 метар, само рацете и нозете и постави рекордот во нуркање без никаква опрема.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag