Холивудскиот пар Мајкл Даглас и Кетрин Зита Џоунс неодамна се разделија најавувајќи го со тоа крајот на нивниот 13 годишен брак.
“Кетрин и Мајкл се разделија на некое време за да можат на дистанца да размислат за својот брак и што понатака“, изјавила потпаролката на актерката во соопштението испратено до Ројтерс, додавајќи дека нема да дава никакви детални информации.
Даглас и Зита и двајцата добитници на Оскар последниве неколку месеци биле секој сам на одмор и се појавуваат секој сам на црвениот тепих.
“Направија пауза“ вели изворот но ни еден од актерите не дал официјална потврда за информациите во медиумите.
Даглас 68 и Зита 43 се во брак од 2000 година и имаат две деца. Двајцата имаа здравствени проблеми во последниве неколку години.