За среќа во последниве неколку години експертите на ова анатомско подрачје му посветија поголемо внимание. Откриле дека она што ние го сметаме за клиторис е само врв од ридот и дека нашата способност за доживување уживање е многу поголема отколку што сме очекувале.
Ова делче наречено клиторис е всушност главата од клиторисот или само надворешниот видлив дел од внатрешната структура. Тоа е слично како главата од пенисот со таа разлика што клиторисот е помал и затоа нервните завршетоци тука се побројни, што е причина да биде почувствителен од главата на пенисот. Со години не се сметал за функционален дел како пенисот па затоа научниците не го проучувале. Дури во 90-те години со помош на магнетна резонанса виделе што точно се случува и дека најголемиот дел од клиторисот е всушност внатрешна структура.
Главчето е споено со телото на клиторисот кое се наоѓа од двете страни на вагиналниот канал. Кога сте возбудени клиторисот се полни со крв и ве води до оргазам.
Како вие можете да ги искористите овие информации за да го подобрите сексуалниот живот? Најпрво, сваќањето на функцијата на клиторисот е клуч за да го искористите неговиот потенцијал во целост. Ќе доживеете поинтензивен оргазам ако клиторисот целосно се исполни со крв, па затоа дајте си повеќе време за загревање.