
Во Англија пред некој ден е прикажана првата епизода од конроверзното реално шоу “Sex Box“ каде паровите во “кутија“ среде студио водат љубов, а потоа за тоа искуство разговараат со водителите.
Иако шоуто имало солидна гледаност, реакциите на гледачите се најразлични, од пофалби до остри критики. Во изолирана комора паровите имаат 30 минути на располагање за секс, а после тоа, со цел – едукација, како што стои во најавата за шоуто, нашироко раскажуваат како се чувствувале за време на сексот.
Веројатно, за да предизвикаат уште поголема сензација, продуцентите одлучиле во првата епизода во главните улоги да бидат геј пар и двајца инвалиди.
httpv://www.youtube.com/watch?v=hZmx7h0F4xQ
httpv://www.youtube.com/watch?v=nW1CczLNjsI