Лондон – Семеен лекар од Британија кој користел скриена камера во рачниот часовник во стилот на Џејмс Бонд за да може да се снима себе си додека сексуално ги злоставува своите пациентки, признал пред судот дека извршил десетина вакви кривични дела.
во моментот на апсењето полицијата во неговиот рачен часовник и домашниот компјутер открила 361 видео снимки со висока резолуција.
Бејнс пред судот признал 39 напади над 30 жени на возраст од 14 до 51 година, вклучувајќи сексуален напад, воајеризам и сексуално злоставување врз деца.
Пациентите ја поклониле својата доверба на својот лекар, а д-р Бејнс масовно ја изиграл. Тој е едноставно „сексуален предатор“ рекол инспекторот Марк Гарет кој ја предводел истрагата.
Казната сеуште не е изречена.