Девојките можат да заборават на Џастин, бидејќи тој повторно не е слободен. Пејачот дефинитивно ја обнови врската со својата бивша девојка Селена Гомез, откако ја молеше за прошка на Денот на независноста.
Гомез која го откачи пред извесно време, прифатила да биде со него, но под еден услов – ако види дека тој навистина се сменил. Тој пак од своја страна го прифатил условот и и ветил дека повторно ќе биде момчето во кое Селена се вљубила.