Лондон – Откритие што ќе го смени светот!
Британските научници соопштиле дека откриле докази за вонземјански живот и тоа во атмосферата на нашата планета. Тимот научници испратиле атмосферски балон на висина од 27 км и со помош на балонот собрале примероци од биолошки организми за кои тврдат дека можеле да дојдат само од космосот.
Семето на животот
Професорот Викрамасинг тврди дека е на чекор да докаже дека семето на животот постои во целиот космос и дека метеорите го разнесуваат по планетите каде тоа еволуира ако постојат услови за живот.
Мали се но не и зелени…Вака изгледаат микроскопските организми од космосот: