Шпекулациите дека хрватската ѕвезда и нејзиниот вереник српскиот бизнисмен Милан Поповиќ ја прекинале својата тригодишна романса се потврдени од нејзиниот долгогодишен менаџер Томислав Петровиќ.
Некои медиуми пишуваа дека Северина воопшто не ја обновила врската со кралот на бакарот и дека наводно смирувањето е обелоденето само со цел да се привлече внимание што ќе се одрази позитивно на нејзината последна турнеја за промоција на новиот албум. Од друга страна нејзиниот менаџер тврди дека до повторно раскинување дошло неодамна пред околу месец дена.